Српското Министерство за надворешни работи ја вклучи Хрватска во портокаловата категорија, што значи дека граѓаните на Србија треба да патуваат таму само ако е апсолутно неопходно. За разлика од Хрватска, Македонија е оценета како безбедна за патување, додека Албанија е со жешка категорија „патувај со дополнителни мерки на претпазливост“.
Според семафорот на Министерството, Бугарија и Грција се безбедни, а на листата на безбедни земји се и САД и Турција. Патување не се препорачува во Израел.
Српските власти предупредуваат дека при патување граѓаните треба однапред да се информираат за безбедносната состојба во дестинацијата и да ги следат ажурираните совети на официјалната веб-страница на Министерството.
Во објаснувањето за Хрватска се наведува дека последните инциденти и тензиите во земјата ја зголемиле загриженоста за безбедноста на српските граѓани. Во случај патувањето да е неопходно, се препорачува избегнување на јавни собири, претпазливост во комуникацијата и грижа за личната и имотната безбедност. Особено внимание се советува при организирани патувања на спортски и културни делегации.
Целта на овие препораки е да се информираат граѓаните за потенцијалните ризици, вклучувајќи политички нестабилности, здравствени опасности и општа безбедност, а советите се редовно ажурираат според глобалните случувања.

















