ПРВ.мк
Македонија

Конечно се знае: Еве кога целосно ќе биде готов автопатот Кичево–Охрид

Конечно се знае: Еве кога целосно ќе биде готов автопатот Кичево–Охрид

Автопатот Кичево–Охрид треба целосно да биде завршен до мај следната година, а рокот ќе биде испочитуван, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Тој посочи дека од вкупно 57 километри веќе се пуштени во употреба околу 37 до 38 километри, додека на преостанатите делови интензивно се работи. Според најавите, до крајот на октомври треба да биде пуштен и делот од Извор преку тунелот до Врбјани.

За изградбата на автопатот досега се обезбедени три кредити, а вкупната вредност на проектот ќе достигне околу 800 милиони евра.

Трајановски информираше и дека во втората половина на август треба да започне изградбата на автопатот Скопје–Блаце, откако ќе биде потпишан договорот со конзорциумот предводен од „Гранит“. Во тек е изборот на надзор, по што ќе започнат расчистувањето на трасата и теренските работи.

Според него, високата цена на овој автопат се должи на сложениот планински терен, каде ќе се градат пет тунели, девет мостови, потпорни ѕидови и други сложени инфраструктурни објекти.

Воедно, директорот на ЈПДП најави дека во септември се очекува да започне и изградбата на делницата Кичево–Букојчани, додека за експресниот пат Романовце–Страцин се подготвува тендерската документација.