ПРВ.мк
Магазин

Вашиот интернет е 40% побавен ако рутерот го држите на ова место – еве каде НЕ СМЕЕ да стои!

Вашиот интернет е 40% побавен ако рутерот го држите на ова место – еве каде НЕ СМЕЕ да стои!

Имате добар интернет пакет, но сè уште се соочувате со слаб сигнал и спора конекција? Проблемот често не е во операторот, туку во локацијата на рутерот.

Според експертите, ако рутерот е поставен на несоодветно место, може да изгубите и до 40% од интернет-брзината – уште пред сигналот да стигне до вашиот уред.

Најлоши места за поставување рутер:

  • На подот – Wi-Fi сигналот се шири хоризонтално и лесно се блокира од мебел и теписи.
  • До телевизор или фрижидер – овие уреди создаваат електромагнетни пречки што го ослабуваат сигналот.
  • Во агли или покрај ѕид – бетон, метал и огледала значително го ослабуваат сигналот.
  • Во орман или затворен простор – Wi-Fi сигналот не се шири добро низ пречки.
  • До прозорец – дел од сигналот може буквално да „избега“ надвор од домот.

Најдобра позиција за рутерот:

  • На висина од најмалку 1,2 до 1,5 метри
  • Во централниот дел од домот, за рамномерна покриеност
  • На отворено, без околни препреки
  • Подалеку од електрични и метални уреди

Со само преместување на рутерот на соодветно место, можете да добиете побрз, посилен и постабилен интернет без дополнителни трошоци. Ако имате проблеми со сигналот, проверете ја локацијата на рутерот – можеби тоа е сè што треба да промените.

Escape