ПРВ.мк
Магазин

Тркалезна пица во квадратна кутија – не е случајност, еве ја причината

Тркалезна пица во квадратна кутија – не е случајност, еве ја причината

Пицата е едно од најпопуларните јадења во светот, но зад нејзиното пакување се крие едно прашање што сигурно многумина си го поставиле – зошто тркалезна пица се става во квадратна кутија?

Одговорот е прилично практичен – квадратните кутии се поевтини и многу поедноставни за производство.

Тие можат да се направат од едно парче картон, лесно се составуваат, а нивната форма овозможува едноставно складирање и редење една врз друга. Изработката на кружна кутија би била покомплицирана и поскапа, бидејќи најчесто би биле потребни посебен долен дел и капак.

Квадратната форма има уште една предност. Во аглите останува дополнителен простор кој може да се искористи за сосови, кечап или други додатоци, а истовремено пицата полесно се вади од кутијата.

Низ годините имало и обиди оваа традиција да се промени.

Иноваторот Џон Харви во 2004 година дизајнирал тркалезна кутија за пица, но концептот се покажал како проблематичен поради покомплицираниот начин на производство.

Така, зад оваа мала „вечна мистерија“ не стои некаква голема тајна – квадратната кутија едноставно е поевтина, попрактична и полесна за производство и транспорт.