ПРВ.мк
Магазин

Денес се слават Свети Ксенофонт и Марија и нивните синови – празник што носи силна порака!

Денес се слават Свети Ксенофонт и Марија и нивните синови – празник што носи силна порака!
Kristal

Ксенофонт и Марија биле угледни и имотни жители на Цариград, познати по својот побожен живот и искрената грижа со која ги воспитувале своите синови во духот на христијанската вера. Кога Јован и Аркадиј пораснале, родителите ги испратиле на школување во Вирит, денешен Бејрут. Но, за време на патувањето, силна бура го уништила бродот со кој пловеле.

По Божја волја, двајцата браќа биле спасени, но морето ги исфрлило на различни брегови. Не знаејќи еден за друг, секој поверувал дека брат му загинал. Погодени од длабока тага, и двајцата го напуштиле световниот живот и се замонашиле, секој во различен манастир.

По две години, нивните родители, скршени од болка, тргнале на поклонение во Ерусалим. Таму, со помош на духовник надарен со прозорливост, најнапред се случила трогателна средба меѓу двајцата браќа, а потоа и повторно обединување на семејството – родителите со своите синови.

Исполнети со благодарност кон Бога за чудесното спасение и повторната средба, Ксенофонт и Марија го раздале целиот свој имот на сиромасите и и самите го избрале монашкиот пат.

Оваа длабоко трогателна приказна за четири свети души сведочи колку промислително и мудро Господ ги води животите на оние што Му веруваат – дозволува искушенија и страдања, за преку нив верата да се зацврсти, а радоста да стане уште поголема.

Тие живееле и се упокоиле во Господ во 10 век, а за Јован се смета дека е истиот подвижник познат како Свети Јован Лествичник.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo