Св. Никола оваа година ќе донесе вистински временски пресврт! Метеоаларм предупредува на првиот посериозен снег во Македонија, но и на нагло заладување кое се очекува околу Божиќ. Студеното време, според прогнозите, би можело да се задржи и во поголем дел од јануари.
Во пресрет на празникот, граѓаните ќе се соочат со три различни временски појави – магла, ниска облачност и слаба слана. Утрините во среда, четврток и петок ќе бидат магливи, со ниска облачност, додека преку ден времето ќе биде променливо облачно. Во источните делови се очекува облачно време со слаба росулја, додека ветерот ќе биде слаб до умерен, со повремено засилени удари од јужен и југоисточен правец.
Температурите ќе бидат ниски: утринските од -3 до 6 степени, дневните од 8 до 15 степени, а во источните делови посвежо, околу 5 степени. На планините можни се слаби врнежи, со дневна температура околу 6 степени, а на повисоките планински предели под нулата.
До крајот на неделата се очекува суво и стабилно време, со магла во утринските часови и сончеви периоди преку ден, но граѓаните се повикуваат да бидат подготвени за наглите промени на времето.
















