ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Путин со жестока најава: „2025 е пресвртница“ – се подготвува нова, поопасна фаза на војната

(ВИДЕО) Путин со жестока најава: „2025 е пресвртница“ – се подготвува нова, поопасна фаза на војната
Kristal

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските сили ја презеле стратешката иницијатива долж целиот фронт во Украина и најави ново проширување на т.н. безбедносна тампон-зона, сигнализирајќи можно засилување на воените операции во наредниот период.

Говорејќи на состанок на одборот на руското Министерство за одбрана, Путин оцени дека 2025 година претставува „значајна пресвртница“ во воената кампања. Според неговите тврдења, руската армија во текот на годината окупирала повеќе од 300 населени места и е подготвена да ја забрза офанзивата во, како што рече, „стратешки важните области“ на фронтот, објавува „Киев Пост“.

„Руските вооружени сили го уништуваат непријателот, вклучително и нивните елитни единици обучени во западните воени центри“, изјави Путин, додавајќи дека Москва ја задржува воената предност.

Во своето обраќање, рускиот лидер се пофали и со модернизацијата на вооружените сили. Тој наведе дека во текот на 2025 година руската морнарица добила нови подморници, како и 19 површински и помошни бродови, со што, според него, значително се зајакнува поморската моќ на Русија.

Путин потврди дека Русија успешно ги тестирала нуклеарните крстосувачки ракети „Буревестник“ и нуклеарниот подводен дрон „Посејдон“, нагласувајќи дека овие системи „веќе постојат“ и ќе продолжат да се унапредуваат. Дополнително, тој најави дека ракетниот систем „Орешник“ ќе биде ставен во целосна борбена готовност до крајот на годината.

Истовремено, Путин ги отфрли тврдењата дека Русија планира напад врз Европа, оценувајќи ги како „лаги и бесмислици“. Тој ги обвини европските политичари дека намерно шират страв и хистерија меѓу граѓаните со предупредувања за можна директна конфронтација со Москва.

И покрај тоа, рускиот претседател јасно порача дека Кремљ нема да се откаже од своите цели во Украина. „Целите на СВО ќе бидат постигнати“, рече Путин, користејќи го официјалниот термин на руските власти за војната, најавувајќи продолжување – и можно заострување – на конфликтот.

ВИДЕО

FixCredit
Escape