ПРВ.мк
Балкан

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Уапсени осум лица осомничени за детска порнографија - еве како ги намамувале жртвите!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Уапсени осум лица осомничени за детска порнографија - еве како ги намамувале жртвите!
Kristal

Голема полициска акција против онлајн злоупотреба на деца ја потресе Србија. Во координирана операција под кодното име „Армагедон“, полицијата уапси осум лица осомничени за тешки кривични дела поврзани со детска порнографија и сексуална експлоатација на малолетници.

Апсењата биле извршени во повеќе градови низ земјата – Белград, Нови Сад, Лесковац, Чачак, Крушевац, Кикинда, Сомбор и Крагуевац. Меѓу уапсените има и еден странски државјанин. Акцијата е дел од поширока меѓународна операција насочена кон сузбивање на злоупотребата на деца на интернет.

Според информациите на српското Министерство за внатрешни работи, осомничените подолг временски период преземале, складирале и споделувале фотографии и видеа со експлицитна содржина создадена преку експлоатација на деца и малолетници.

Особено вознемирувачки се наодите дека дел од осомничените креирале лажни профили на социјалните мрежи и апликации, претставувајќи се како девојчиња на возраст од 12 и 13 години. Преку тие профили тие стапувале во контакт со малолетници, од кои барале и добивале интимни фотографии и видеа.

При претресите на станови и други простории, полицијата запленила компјутери, мобилни телефони и други електронски уреди на кои биле пронајдени големи количини компромитирачки материјали.

Против уапсените се поднесени кривични пријави за прикажување, стекнување и поседување порнографски материјал, експлоатација на малолетно лице за порнографија и сексуално вознемирување. Тие се спроведени пред надлежното обвинителство, кое ќе одлучува за понатамошните мерки.

Од полицијата најавуваат дека борбата против ваквиот вид криминал продолжува, а родителите и јавноста повторно се повикуваат на внимателност и зголемена контрола на онлајн активностите на децата.

FixCredit
Escape