ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Се степаа пратеници во парламентот во живо на телевизија - седницата се прекина!

(ВИДЕО) Се степаа пратеници во парламентот во живо на телевизија - седницата се прекина!
Kristal

Драма во бугарскиот парламент! Двајца пратеници се степаа во живо додека седницата се пренесуваше на телевизија. Инцидентот се случи додека министерот за енергетика во оставка, Жечо Станков, зборуваше за изградбата на нови блокови во нуклеарната централа „Козлодуј“.

Вербалната расправија брзо прерасна во физички судир – едниот пратеник користеше клоци, додека другиот возвратил со туркање и обиди за удари со тупаница. Освен тоа, си упатија низа навреди и закани, што целосно го попречи работењето на парламентот.

Претседателката на Народното собрание беше принудена да прогласи итна пауза, а седницата е прекината додека трае смирувањето на ситуацијата.

Снимките од инцидентот веднаш се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции од јавноста и медиумите.

ВИДЕО

FixCredit
Escape