Вчера рано наутро, на Меѓународниот аеродром Скопје, полициските службеници лишиле од слобода двајца странци, Италијанец на 26 години и Кинез на 27 години, откако при контрола било утврдено дека приложиле фалсификувани документи при влез во државата.
Двете лица се задржани во Полициската станица Гази Баба, а полицијата продолжува со понатамошни истражни мерки и постапки согласно законот.
Инцидентот предизвика извесен метеж на аеродромот, но без последици за патниците и сообраќајот.
















