На 16 декември 2025 година, околу 17:35 часот, на магистралниот пат Кочани-Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки излета од коловозот.
Возачот, 48-годишниот Б.Ќ. од Виница, починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на ОВР Кочани. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат, а властите апелираат до возачите да бидат внимателни на патиштата, особено во опасни делници.
















