ПРВ.мк
Свет

ФОН ДЕР ЛАЈЕН СО ДРАМАТИЧНА ПОРАКА: „Мора да ве финансираме за наше добро!“

ФОН ДЕР ЛАЈЕН СО ДРАМАТИЧНА ПОРАКА: „Мора да ве финансираме за наше добро!“
Kristal

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди дека европските лидери мора да постигнат договор за финансирање на Украина оваа недела, пред утрешниот самит на Европскиот совет.

„Европа мора да биде одговорна за сопствената безбедност. Ова повеќе не е опција, ова е задолжително. Треба да бидеме подготвени. Нема поважен чин за европска одбрана од поддршката на Украина“, изјави Фон дер Лајен, додавајќи дека финансирањето може да се реализира преку руските средства или задолжување од ЕУ.

Според нејзините проценки, Украина ќе ѝ требаат околу 137 милијарди евра за 2026 и 2027 година, при што Европа треба да обезбеди околу 90 милијарди евра, односно две третини од потребниот износ. Дискусијата на самитот ќе биде клучна за одлучување како да се обезбедат средствата и дали да се дозволи пристап до замрзнатите руски милијарди, што Белгија засега го блокира поради страв од тужби од Русија.

Следните денови, според Фон дер Лајен, ќе бидат од клучно значење за обезбедување на европската безбедност и за иднината на Украина.

FixCredit
Escape