ПРВ.мк
Свет

Русија превзема контра мерки - Европа тешко ќе се опорави од ова!

Русија превзема контра мерки - Европа тешко ќе се опорави од ова!
Kristal

Русија поднесе тужба против белгиската клириншка куќа „Еуроклеар“, која држи замрзнати руски средства вредни околу 185 милијарди евра. Овој потег следува во момент кога ЕУ се обидува да најде решение за користење на средствата од заемот со нула камата за Украина.

Вицепремиерот Александар Новак нагласи дека Москва ќе ги заштити своите средства и дека нелегалните конфискации се неприфатливи. Иако правните последици се малку веројатни во руска јурисдикција, овој потег создава голема неизвесност за „Еуроклеар“ и за Европа, која веќе распореди дел од парите на други места.

Финансиските експерти предупредуваат дека ако конфликтот се прошири во други јурисдикции, може да се создадат долготрајни судски постапки и големи репутациски ризици за ЕУ.

Русија, со овој чекор, јасно испраќа сигнал дека нема да дозволи да се загрозат нејзините финансиски интереси, а Европа се соочува со нова неизвесност околу огромните замрзнати средства.

FixCredit
Escape