ПРВ.мк
Македонија

Сопружници осомничени за свирепото убиство - нови стравични детали за жртвата!

Сопружници осомничени за свирепото убиство - нови стравични детали за жртвата!
Kristal

Во Гостивар се откриваат шокантни детали за убиството на Хавва Азизи од селото Здуње. Основното јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против сопружници, осомничени за убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Според истрагата, на 7 декември жртвата била одземена од својот дом и однесена во куќата на осомничените, каде се случила расправија за недоразбирања. Потоа била затворена во помошна просторија. Осомничената донела пиштол, а сопругот го извршил убиството со еден истрел.

Телото на Хавва Азизи потоа било ставено во автомобил и однесено во атарот на селото Неготино, каде било закопано во ископана дупка, запалено и покриено со земја, гранки и други предмети.

Јавниот обвинител побара притвор за двајцата осомничени, додека истрагата продолжува, а целото население е потресено од бруталноста на овој чин.

FixCredit
Escape