Државната изборна комисија (ДИК) денеска го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари 2026 година. Гласачите ќе можат да избираат свои претставници во четири општини: Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово-Ростуше.
Редоследот на кандидатите на ливчето е следниот:
- ВРЕДИ
- Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ
- НАИ
- Коалиција предводена од СДСМ
- Група избирачи подносител – Зулхајрат Демири
- Демократска партија на Турците во Македонија
На 162-рата седница, ДИК спроведе и јавна ждрепка за одредување на редоследот, а претходно општинските изборни комисии ги потврдија листите на кандидати.
Исто така, беше донесена одлука за објавување на описите на избирачките места, кои ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на ДИК, со цел граѓаните навремено да се информираат и да го остварат своето право на глас.
















