Д-р Иво Бошкоски од Тетово, кој својата кариера ја гради во престижната италијанска болница „Џемели“ во Рим – позната како место каде се лекуваат папи и кралеви, разви револуционерна гастроскопска метода која го блокира хормонот на глад.

Овој метод им овозможува на пациентите да изгубат дури една третина од својата тежина, позиционирајќи го д-р Бошкоски како еден од водечките светски ендоскописти.
Во интервју за МИА, тој нагласува дека дебелината е сериозна болест, а не само естетски проблем, и дека вложувањето во борба против неа значително го подобрува здравјето и животниот стандард.
Д-р Бошкоски истакнува и колку е важна домашната исхрана, едукацијата и медиумите во промоција на здрави навики. Со упорност и посветеност, тој успеал да се искачи до врвот на медицината и денес помага и на колегите од Македонија во нивната обука и развој.

Неговиот успех е голема гордост за македонската медицина и пример како талентот и трудот носат светски признанија.
Извор: Express.mk
















