ПРВ.мк
Магазин

Редок момент фатен на камера: Мајкл Џордан со сопругата уживаат на суперјахта среде грчки рај

Редок момент фатен на камера: Мајкл Џордан со сопругата уживаат на суперјахта среде грчки рај
Escape

Легендата на НБА, Мајкл Џордан, ретко се појавува во јавноста со својата сопруга, но овојпат папараците го „уловија“ токму во таков момент – на одмор во Грција, на луксузна суперјахта, далеку од очите на јавноста.

Џордан беше фотографиран на островот Спецес, во Егејското Море, држејќи се за рака со својата сопруга Ивет Прието. Брачниот пар ручал во прочуениот хотел „Posidonio“, а потоа се вратиле на јахтата со која го продолжуваат своето патување низ водите кај нашиот јужен сосед.

Ивет е втора сопруга на Џордан, и заедно имаат две ќерки-близначки, Викторија и Изабел, кои се сега 11 години стари. Пред да пристигнат во Грција, семејството одмарало во Италија.

Од неговиот прв брак со Хуанита Ваној, Мајкл има уште тројца возрасни деца – Џефри и Маркус, двајцата по 36 години, и ќерката Џесмин, која има 32 години.

Познато е дека разводот со Хуанита бил еден од најскапите во спортската историја – таа доби 168 милиони долари како дел од спогодбата.

Џордан, иако одамна надвор од кошаркарските терени, останува еден од највлијателните и најбогати спортисти во светот, а ова лето очигледно го користи за да ужива во приватност и раскош – со оние кои му се најважни.

Mia Home Mavrovo