ПРВ.мк
Магазин

Пиете кафе и земате железо? Оваа комбинација може да го намали ефектот на додатокот

Пиете кафе и земате железо? Оваа комбинација може да го намали ефектот на додатокот

Кафето е неизоставен дел од утринската рутина за многумина, но доколку земате додатоци со железо, важно е кога ќе ја испиете шолјата кафе.

Причината се полифенолите во кафето, соединенија кои можат да ја намалат апсорпцијата на железото во организмот. Затоа не се препорачува кафето и додатокот со железо да се земаат истовремено.

Вообичаената препорака е меѓу железото и кафето да има пауза од најмалку еден до два часа. Истото важи и за чајот, кој исто така содржи соединенија што можат да ја попречат апсорпцијата.

Внимание е потребно и со млекото, млечните производи и додатоците со калциум. Доколку целта е подобра апсорпција на железото, најдобро е тие да се земаат во различен период.

Од друга страна, витаминот Ц може да помогне во апсорпцијата на железото. Затоа додатокот може да се зема со вода и храна богата со витамин Ц.

Железото генерално подобро се апсорбира на празен стомак, но кај некои луѓе може да предизвика мачнина или стомачни тегоби. Во таков случај, начинот на земање треба да се усогласи со лекар или фармацевт.

Особено е важно додатоците со железо да не се земаат во високи дози на своја рака.