Кога размислуваме за диета, честопати забораваме дека и алкохолот има калории. Иако не содржи хранливи материи, алкохолот е „празна“ енергија која лесно се претвора во вишок килограми.
Најкалорични се коктелите и пивото. Една Пина Колада, Мохито или Лонг Ајленд чај може да има 400–500 калории по чаша, поради комбинацијата на алкохол, сокови, сирупи и шлаг. Пивото, пак, содржи 180–220 калории по половина литар, а темните и силните видови се уште калорични. Радлерите додаваат дополнителен шеќер, па „пивскиот стомак“ не е мит.
Виното и ликерите се во средината. Чаша суво вино има околу 120 калории, а полуслатките и десертните до 200. Ликерите се калорични поради шеќерот, но умерена консумација е прифатлива.
Најмалку дебелеат чистите жестоки пијалоци – водка, виски, џин, рум, текила – со околу 100–120 калории на 50 милилитри, ако се пијат без сокови или тоник. Додавањето адитиви ги дуплира калориите.
Најдобри избори за комбинација вкус–фигура:
- Водка со минерална вода и лимон
- Џин со лесен тоник
- Чаша суво црвено вино
Коктелите и пивото се најкалорични, виното и ликерите умерено, а жестоките пијалоци без адитиви и сувите вина најмалку дебелеат.















