Легендарниот пејач Здравко Чолиќ, познат по тоа што со децении успешно ја чува својата приватност далеку од очите на јавноста, повторно се најде во фокусот – овојпат поради сериозен инцидент во елитната белградска населба Дедиње, каде што утрово беше фрлена бомба врз куќа поврзана со неговото име.
Иако ретко се зборува за неговите недвижности, познато е дека Чолиќ со години поседувал имоти на најпрестижните локации во Белград. Според медиумските информации, тој претходно ја продал семејната куќа во Кошутњак за сума поголема од еден милион евра, а претходно живеел и во Дедиње, каде што подоцна инвестирал во нова луксузна недвижност.
Куќата која се наоѓа на улицата Стојан Ѓелиќ, една од најелитните и најмирни улици во Дедиње, е опкружена со големи парцели, зеленило и високо ниво на безбедност. Токму на таа адреса утрово беше пријавен инцидент со експлозивна направа, при што е причинета материјална штета.
Цените на недвижностите во оваа зона се меѓу највисоките во Србија. Просечната цена на квадратен метар се движи околу 4.000 евра, додека луксузните вили се продаваат по цени од 1,5 до 5 милиони евра, а понекогаш и повеќе.
Иако точната вредност на куќата на Чолиќ не е јавно потврдена, експертите за недвижности проценуваат дека станува збор за имот вреден неколку милиони евра, што уште повеќе ја засилува тежината на инцидентот што ја вознемири јавноста.
















