Српската пејачка Сека Алексиќ направи кратка пауза од бројните летни настапи и замина на одмор на црногорското крајбрежје.
Пејачката на социјалните мрежи објави серија фотографии од крстарење со јахта, а најголемо внимание привлече нејзиниот летен стајлинг и фигурата.
Сека позираше на палубата во светол, лелеав комплет составен од асиметричен топ и проѕирно здолниште со висок струк, а изгледот го надополни со темни очила за сонце.
Фотографиите брзо привлекоа внимание на нејзините следбеници, кои ѝ упатија бројни комплименти за изгледот.
Одморот доаѓа во период кога пејачката се подготвува за нови професионални обврски. Таа ќе биде дел од новата сезона на музичкиот натпревар „IDJShow“, каде повторно ќе биде во менторскиот тим заедно со Наташа Беквалац и Реља Поповиќ.









