Новак Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена и двете деца, Стефан и Тара, се пресели во Атина, каде семејството го пронајде својот мир. Во првото интервју откако се преселија, тенисерот откри дека одлуката била мотивирана од желбата да обезбедат најдобра средина за децата.
„Имаме две мали деца и се трудиме да се адаптираме и да ја најдеме најдобрата средина за нив. Приоритет ни е тие да пораснат во околина која е колку што е можно поповолна за нивното психолошко, физичко и емоционално здравје. И на крајот, сакаме да имаме повеќе време за нас како семејство“, изјави Ѓоковиќ.
Децата се запишани во приватно британско училиште, а Новак моментално се подготвува за неговото прво грчко првенство, додека семејството ужива во убавините на Атина и гостопримството на локалниот народ.
















