Утрово се случи тешка авионска несреќа во воздухот над Гнајксендорф во Долна Австрија, кога се судирија два помали авиони, при што загинаа двајцата пилоти.
Според информациите на весникот „Кронен цајтунг“, леталата се судриле за време на летот, по што се урнале на земјата и се запалиле. За пилотите, за жал, немало спас.
Авионската несреќа се случила во близина на цивилниот аеродром Кремс/Лангенлојс во Гнајксендорф. Причината за оваа тешка несреќа за сега не е позната. На терен се ангажирани бројни противпожарни екипи кои ги отстрануваат деловите од леталата од полетно-слетната патека и околниот терен. Покрај пожарникарите, на лице место се наоѓаат и екипи на Итната медицинска помош, лекари и полиција.
Меѓутоа, спасувачите во моментов не смеат поблиску да пријдат до една од остатоците поради опасност од активирање на пиротехничко полнење (систем за спасување со падобран кој се наоѓа во едрилицата).
Според првичните информации од теренот, во авионите освен двајцата загинати пилоти немало други патници.






