ПРВ.мк
Македонија

НОВА АДРЕНАЛИНСКА АТРАКЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ: Се гради најсовремениот Картинг центар вреден 35 милиони денари!

НОВА АДРЕНАЛИНСКА АТРАКЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ: Се гради најсовремениот Картинг центар вреден 35 милиони денари!

Кавадарци станува новиот центар за брзина и забава во Македонија! Градежните машини работат со полна пареа на новиот Картинг центар – проект вреден над 35,2 милиони денари, обезбедени преку вториот владин повик.

На моќни 2.700 квадратни метри се издигнува современа картинг патека со сите придружни објекти, дизајнирана според сите стандарди за врвно адреналинско доживување.

Ова нема да биде само ново омилено место за младите и љубителите на автомобилизмот, туку и вистинска магнет-атракција за туристите. Кавадарци гази силно напред и создава простор за спорт, рекреација и забава каков што регионот одамна чекаше!