ПРВ.мк
Магазин

НОВ СКАНДАЛ околу осрамотениот војвода: Принцот Ендру имал свој тип на девојки! Еве ги деталите

НОВ СКАНДАЛ околу осрамотениот војвода: Принцот Ендру имал свој тип на девојки! Еве ги деталите

Во новата биографија за принцот Ендру, објавена од историчарот Ендру Лоуни, се открива дека осрамотениот војвода имал необични барања кон своите вработени и пријатели – сите требало да му носат девојки. Посебно претпочитал балерини и русокоси, пишува „Пејџ сикс“.

По скандалот со Џефри Епштајн, поради кој се откажа од своите титули, Ендру наводно инсистирал неговите телохранители и персонал да му обезбедат друштво. Лоуни наведува дека дури и телохранителите, кои се платени од британските даночни обврзници, биле дел од оваа мрежа. Според авторот, принцот редовно забележувал балерини од Кралскиот балет и ги испраќал телохранителите да ги поканат на состанок.

Во повеќе наврати, неговите помошници му носеле девојки во лондонскиот ноќен клуб „Чајнавајт“ или во хотелските апартмани додека бил во странство. Во книгата се наведува и дека принцот најчесто претпочитал русокоси жени, како што изјавила неговата приватна секретарка.

Додека патувал во светот во улогата на британски трговски претставник, од која се повлече во 2011 година, Ендру одбирал хотели, а не кралски резиденции, за да ужива во поголема приватност и слобода.

Лоуни истакнува дека неговиот интерес не бил балетот како уметност, туку танчерките, искористувајќи ги своите врски со Англискиот национален балет.

Во меѓувреме, Вирџинија Џуфре, жртва на Џефри Епштајн, која во април 2025 година изврши самоубиство, тврдела дека како малолетничка била принудена да има сексуални односи со принцот Ендру. Во своите мемоари, објавени постхумно, таа ги повтори овие тврдења. Иако Ендру во 2022 година склучи спогодба со Џуфре вредна милиони долари, тој продолжува да ги негира сите обвинувања.

Само неколку дена пред објавувањето на книгата, принцот Ендру официјално се откажа од своите титули, вклучително и титулата војвода од Јорк, поради тоа што обвиненијата против него ги одвлекуваат вниманието од кралската работа и јавниот интерес.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape