ПРВ.мк
Магазин

Како хуманата добрина ѝ ја врати косата на Мелиса: Од трагедијата во кочанската дискотека до блескав нов почеток

Како хуманата добрина ѝ ја врати косата на Мелиса: Од трагедијата во кочанската дискотека до блескав нов почеток

Седум месеци по страшниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, каде што Мелиса Велинова беше тешко повредена, таа денес повторно може да се гордее со својата долга и убава коса. Ова не е само враќање на надворешниот изглед, туку симбол на надеж и нов почеток во нејзиниот живот.

На 16 март, во трагичната огнена стихија, Мелиса ја изгуби целата своја природна коса. Но, благодарение на хуманата иницијатива и неуморната грижа на познатиот фризер Зоки Давитков, таа доби надградба на косата која ѝ помогна да ја надмине оваа тешка фаза.

Во текот на изминатите месеци, Давитков постојано го следеше растењето на нејзината коса и сега, кога е доволно долга, ѝ направи екстензии, што ѝ донесе среќа и самодоверба кои сега зрачат од нејзиното лице.

„Пред само седум месеци оваа млада девојка имаше потреба од наша помош. Во пожарот во Кочани ја изгуби својата коса и доби перика преку нашата донаторска акција. Денес, по седум месеци, косата ѝ е доволно порасната за да направиме надградба. Ова не е само промена на фризурата, туку приказна за храброст, надеж и љубов кон себе. Секоја насмевка, секој поглед во огледалото, секој допир на косата е момент кој останува во срцето,“ напиша Давитков на Инстаграм, каде што ја сподели и реакцијата на Мелиса кога за првпат се погледна во огледало со новата фризура.

Овој гест на хуманост и поддршка уште еднаш покажува дека зад секоја трагедија може да се појави светлина кога општеството стои цврсто заедно со оние што најмногу имаат потреба од тоа.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape