ПРВ.мк
Магазин

Научник од Кембриџ предупредува: Зошто крајот на светот може да дојде околу 2050 година

Научник од Кембриџ предупредува: Зошто крајот на светот може да дојде околу 2050 година
Kristal

Идејата дека светот е на работ на колапс не е нова. Со векови наназад, различни мислители и пророци – од Нострадамус до Исак Њутн – најавувале апокалиптични сценарија. Но, за разлика од нив, современите научници располагаат со податоци, технологии и историски анализи што даваат поинаква тежина на ваквите тврдења.

Еден од нив е Лук Кемп, истражувач поврзан со Универзитетот Кембриџ, кој смета дека човештвото би можело да се соочи со сериозен глобален колапс во следните 25 години – односно околу 2050 година.

Кемп целиот свој научен живот го посветил на проучување на падот на древните цивилизации и обрасците што довеле до нивно исчезнување. Според него, иако денешното општество е технолошки напредно и дигитално поврзано, основните механизми на пропаѓање останале исти.

Тој посочува дека постојат ризици кои зависат од одлуките на поединци со огромна моќ. Како пример ја наведува можноста за нуклеарен конфликт, кој теоретски може да го активира само еден човек – претседателот на САД. Иако таквата закана е реална, Кемп нагласува дека тоа не е главната причина за неговата загриженост за 2050 година.

Во својата книга Голијатовата клетва: Историјата и иднината на општествениот колапс, тој тврди дека сите цивилизации досега пропаднале поради процес што го нарекува „самоуништување“. Според оваа теза, кога елитите акумулираат прекумерно богатство и моќ, општеството станува сè покревко. Следуваат внатрешни конфликти, корупција, осиромашување на населението, нарушено јавно здравје, еколошка деградација и лоши одлуки донесени од тесен круг луѓе. На крајот, таквите системи се распаѓаат под тежината на војни, болести или климатски промени.

Сепак, сценариото што најмногу го загрижува Кемп е поврзано со еден историски, но често занемарен настан – Карингтоновиот настан од 1859 година. Тогаш, Сонцето предизвикало масивна соларна бура која сериозно ги нарушила телеграфските системи ширум светот.

Доколку слична соларна ерупција се случи денес, последиците би биле драматични. Според Кемп, современата електрична и дигитална инфраструктура би можела целосно да колабира. Сателитите би престанале да функционираат, а со тоа би биле погодени интернетот, банкарскиот систем, комуникациите и голем дел од секојдневниот живот.

Научните процени покажуваат дека веројатноста за ваков настан се зголемува за околу 20 проценти на секои десет години. До 2050 година, шансите за повторување на ваква соларна катастрофа се приближуваат до 50 проценти – бројка што, според Кемп, не смее да се игнорира.

FixCredit
Escape