Во Универзитетската болница во Магдебург, Германија, лекарите успеаја да одржат во живот предвреме родено девојче со тежина од само 300 грама, објави „Билд“. Овој извонреден случај претставува голем медицински успех, бидејќи бебето е родено цели 16 недели пред терминот, а шансата за преживување во вакви ситуации низ светот е само 25 проценти.
– „Детето беше на вентилатор седум недели пред да може самостојно да дише. Третманот бараше исклучително прецизен и внимателен пристап. Родителите останаа во болницата долго време за да ја изгради и одржи врската со своето дете, а девет недели по првично предвидениот датум на раѓање, конечно го зедоа девојчето дома“, изјави главниот лекар Ралф Бетгер.
Овој случај го потврдува напредокот на современата медицина во неонатологијата и посебно во грижата за екстремно предвреме родени бебиња. За споредба, рекордот за најмало преживеано предвреме родено бебе во светот го држи Неш Кин од САД, кој беше роден 19 недели предвреме и тежел само 283 грама. Во јули оваа година, тој го прослави својот прв роденден.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк















