ПРВ.мк
Магазин

Мадона открива како се опоравила од сепса: Едната минута танцував, следната бев на интензивна нега

Мадона открива како се опоравила од сепса: Едната минута танцував, следната бев на интензивна нега

Мадона за првпат јавно откри детали за својата хоспитализација во 2023 година и тешките здравствени проблеми што ги имала. Во ново интервју за подкастот „On Purpose with Jay Shetty“, таа раскажа дека страдала од сепса и била во несвест четири дена поради сериозна бактериска инфекција.

Имено, таа била хоспитализирана во јуни 2023 година, а во декември пред публиката во Бруклин изјави дека била во индуцирана кома 48 часа.

– „Нема начин да избегаме од страдањето. Дури и да пораснеме богати и привилегирани, нашите предизвици ќе дојдат кај нас на поинаков начин. Се подготвував за турнеја и подоцна добив бактериска инфекција. Едната минута бев жива и танцував, а следната минута бев на интензивна нега и се разбудив по четири дена“, рече Мадона.

Таа додаде дека процесот на закрепнување бил тежок и долготраен:

– „Отсекогаш се гледав себеси како супержена, но во тоа време немав сила, немав енергија и не можев да станам од кревет. Не знаев кога или како ќе заврши сè.“

Мадона нагласи дека пораката за радикално прифаќање од нејзиниот учител по кабала многу ѝ помогнала во лекувањето. Кабалата е древна еврејска традиција на мистично толкување на Библијата.

– „Постојано разговарав со мојот учител, а тој ми рече: ‘Колку побрзо го прифатиш она што ти се случува, толку побрзо ќе заврши.’ Тоа ми имаше многу смисла. Сепак, жалењето и едноставното прифаќање не е решение за мене, бидејќи тогаш само ќе пливаш во страдање“, заклучи таа.

Escape