ПРВ.мк
Магазин

Историски чекор во Париз: По 130 години, еве чии имиња ќе се најдат на Ајфеловата кула!

Историски чекор во Париз: По 130 години, еве чии имиња ќе се најдат на Ајфеловата кула!
Kristal

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, објави имиња на 72 научници кои ќе бидат додадени на легендарниот список врежан на првиот кат од Ајфеловата кула – повеќе од еден век по неговото создавање. Овој потег се смета за симболична исправка на историска неправда, јавуваат француските медиуми.

Новата листа опфаќа речиси 250 години научна историја и за првпат вклучува и жени научници. Меѓу имињата се наоѓа Анжелик ди Кудре, бабица од 18 век, како и научници од поново време, вклучувајќи и неодамна починати истражувачи. Листата е подготвена од здружението „Жени и наука“, по налог на градските власти, со цел да се даде заслужено признание на научничките кои со децении биле игнорирани.

Пред конечното одобрување, имињата ќе бидат доставени до Академиите за наука, технологија и медицина за стручно мислење. Засега не е соопштен точен датум кога новите имиња ќе бидат официјално врежани.

Кога Ајфеловата кула била изградена во 1889 година, нејзиниот творец Густав Ајфел ја замислил како „пантеон на науката“. Тогаш биле врежани имињата на 72 истакнати научници од периодот по Француската револуција – меѓу нив Лавоазје, Лаплас и Дагер – но ниту една жена не добила место, иако нивниот придонес бил значаен.

Со оваа одлука, Париз испраќа силна порака: историјата конечно се дополнува – и станува поправедна. 🗼🔬

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo