ПРВ.мк
Свет

Смртоносна зимска бура одзеде најмалку 18 животи, откажани над 20.000 летови

Смртоносна зимска бура одзеде најмалку 18 животи, откажани над 20.000 летови
Kristal

Најмалку 18 лица го загубија животот во неколку федерални држави во Соединетите Американски Држави, откако силна зимска бура со екстремно ниски температури, снег и мраз зафати голем дел од земјата. Ледените услови предизвикаа сериозни нарушувања во сообраќајот, како на копно, така и во воздушниот простор.

Според податоците на веб-страницата FlightAware, само денеска се откажани речиси 4.000 летови до или од САД, при што најтешко погодени се аеродромите во Бостон и Њујорк. Дополнително, ABC News објави дека од петокот наваму, поради зимската бура, се откажани повеќе од 20.000 летови низ целата земја.

Податоците од аналитичката компанија „Сириум“ покажуваат дека само во неделата биле откажани над 11.000 летови, што претставува најголем број дневни откажувања од времето на пандемијата на коронавирусот.

Иако временските услови постепено се подобруваат, последиците сè уште се чувствуваат. Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон се очекува денес повторно да започне со работа, откако во неделата целосно го прекина воздушниот сообраќај поради невремето.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo