Американската суперстар манекенка и икона на стилот, Емили Ратајковски, повторно ги остави фановите без здив со својата најнова фотосесија во едноделен костим за капење што ги откри сите нејзини совршени облини.
Со длабок израз и дрзоки пози, таа повторно докажа зошто е една од најпосакуваните и најследените личности на социјалните мрежи.
Костимот за капење што го носеше е од нејзиниот сопствен бренд Inamorata и е опишан како најсмелиот модел досега – вреди 160 долари, но вредноста ја прави нејзината беспрекорна фигура и самодоверба.
Фановите буквално се „запалија“ од комплименти, а покрај пофалбите, секако не изостанаа и некои понуди кои не се за јавност!
Емили со својот изглед продолжува да биде инспирација за многумина, а ние со нетрпение очекуваме нови провокативни фотографии од неа.


