ПРВ.мк
Свет

СЗО предупредува: Опасен вирус се шири побрзо од кога било досега!

СЗО предупредува: Опасен вирус се шири побрзо од кога било досега!
Escape

Светската здравствена организација (СЗО) издаде итно предупредување за опасност од нова глобална закана – вирусот чикунгунија, кој моментално се шири со невидена брзина. Вирусот веќе предизвика епидемии на островите Реунион, Мајот и Маврициус, каде една третина од населението е заразено, според СЗО.

Чикунгунија се пренесува преку комарци, особено Aedes aegypti и тигрестите Aedes albopictus, чие ширење се забрзува поради климатските промени. Вирусот е присутен во 119 земји, а под закана се над 5,6 милијарди луѓе. Нови случаи се појавуваат и во Мадагаскар, Сомалија, Кенија, Јужна Азија, па дури и во Европа – со локални преноси во Франција и сомнежи во Италија.

Симптомите вклучуваат висока температура и силни болки во зглобовите, често слични на симптоми од денга или вирусот Зика. Иако смртноста е под 1%, масовните инфекции може да значат илјадници животи.

СЗО апелира до земјите да преземат навремени мерки – следење на случаи, јакнење на здравствените системи и отстранување на стоечка вода каде што се размножуваат комарците. Употребата на репеленти и заштита од каснувања се исто така клучни.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape