ПРВ.мк
Свет

Маск ги оставил Украинците без интернет среде напад – пресврт што може да ја променел историјата на војната

Маск ги оставил Украинците без интернет среде напад – пресврт што може да ја променел историјата на војната
Escape

Скандалозна одлука на Илон Маск од 2022 година излегува на виделина дури сега – токму во клучен момент од украинската контраофанзива во Херсон, тој свесно го исклучил Starlink интернетот над јужна Украина, пренесува Ројтерс.

Според доверливи извори, ваквиот потег довел до целосен прекин на комуникацијата меѓу украинските сили и нивните дронови, што ја саботирало целата воена операција и ги принудило војниците да се повлечат и да го сменат планот за пробив.

Причината, велат извештаите, била лична проценка на Маск – тој се плашел дека евентуален напад врз Крим би можел да предизвика нуклеарна ескалација. Со тоа, без одобрение од ниту една влада, еден човек директно влијаел врз текот на војна.

Starlink, производ на неговата компанија SpaceX, претставуваше клучна алатка за украинската армија уште од почетокот на руската инвазија. Но овој пресврт отвора сериозни прашања – дали е безбедно виталната воена комуникација на една држава да зависи од добра волја на приватна компанија?

Случајот предизвикува нови меѓународни дебати за моќта што ја имаат технолошките гиганти во современите конфликти и дали светот е подготвен за ваков тип на геополитичко влијание од страна на милијардери.

Mia Home Mavrovo