ПРВ.мк
Македонија

Се бараат мајка и син од Прилеп: Исчезнале пред седум дена

Се бараат мајка и син од Прилеп: Исчезнале пред седум дена
Escape

Полицијата во Прилеп интензивно трага по 36-годишната Л.И. и нејзиниот 17-годишен син, кои исчезнале на 18 јули. Пријавата за нивното исчезнување е поднесена вчера, на 25 јули во 08:20 часот во ОВР Прилеп.

Случајот го пријавил сопругот на Л.И., С.Ќ. (48) од Прилеп, кој изјавил дека неговата сопруга и син се оддалечиле од семејниот дом и дека жената имала здравствени проблеми. Оттогаш немаат никаков контакт со нив.

Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање и целосно расветлување на случајот.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo