На Охридското Езеро денеска се одвиваше вежба во која беше симулиран пожар на брод со евакуација на патници, а сцените предизвикаа внимание кај случајните минувачи.
Како што објави 4NEWS.mk, бродот „се запали“ во непосредна близина на охридското пристаниште, а на терен пристигнаа полициски сили и противпожарна екипа кои изведоа интервенција.
Иако станува збор за вежба, снимките од настанот изгледаат драматично – чад се издигнува од пловилото, а службите реагираат како во реална опасност.
Оваа симулација е дел од подготвителни активности за справување со потенцијални несреќи на вода и има за цел да ја тестира координацијата меѓу институциите при вакви интервенции.