ПРВ.мк
Свет

Азаров со жестока тврдење: НАТО се подготвува за напад на Русија

Азаров со жестока тврдење: НАТО се подготвува за напад на Русија
Escape

Поранешниот украински премиер Микола Азаров излезе со драматично предупредување – Западот, според него, не се подготвува да се брани, туку да нападне. Во интервју за рускиот портал „Аргументи и Факти“, Азаров изјави дека изјавите на НАТО официјални лица укажуваат на тоа дека до 2030 година се очекува целосна воена подготвеност – но не поради страв од руска агресија, туку како дел од таен план за офанзива кон Москва.

„Никој разумен не верува дека Русија би нападнала САД или НАТО – тоа е целосно нелогично. Всушност, токму тие кои тврдат дека ќе бидат нападнати, самите се подготвуваат да нападнат“, истакна Азаров.

Тој додаде дека западните сили имаат и политичка агенда – по заминувањето на Зеленски, според него, ќе се обидат да донесат нови „антируски лидери“ во Киев.

Во истиот контекст, рускиот советник Николај Патрушев алармираше дека НАТО веќе поставува воени ризици долж руските поморски граници, што, како што тврдат руските власти, е дел од поширока стратегија за закана и обрач кон Русија.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo