Неверството не секогаш се открива преку пораки или повици – понекогаш доказите се криеaт во најнеочекуваните детали. Според советничката Мици Бокман, ново парче долна облека што не сте го виделе досега може да биде сигнал дека нешто се случува – и не со вас.
Бокман објаснува дека луѓето со години носат исти стилови долна облека без многу размислување. Затоа, ненадејна промена во таа навика, особено ако не ја забележувате новата облека дома, може да значи дека партнерот сака да изгледа подобро за некој друг.
Ова не значи дека секое ново парче е доказ за изневерување, но ако долната облека се појави без објаснување, не е за вас, и не е носена дома, прашањето се поставува само по себе – за кого е наменета?
Понекогаш, вели Бокман, оваа долна облека не е ни купена лично – туку може да е подарок од љубовник, интимен знак кој го одвојува тајниот живот од секојдневниот. Луѓето што водат двоен живот често носат такви работи само кога се со другата личност, оставајќи траги што не се толку очигледни, но се гласни за оние што знаат каде да гледаат.
Советот на експертите? Ако најдете етикета, стил или бренд што не го препознавате, не го игнорирајте. Тоа можеби не е доказ, но е предупредување дека нешто во врската се менува – и можеби не во ваша корист.