ПРВ.мк
Свет

ВИДЕО: Адвокат и партнерка загинаа – авион се урна и се запали на автопат во Италија

ВИДЕО: Адвокат и партнерка загинаа – авион се урна и се запали на автопат во Италија
Escape

Во италијанската област Бреша се случи страшна несреќа – мал авион се урна директно на автопат и експлодираше. Авионот полетал околу пладне од Грањано Требиенсе, но кратко потоа се срушил на асфалтот и се запалил при ударот.

Во леталото се наоѓале 75-годишниот адвокат од Милано, Серхио Равалџи, и неговата 60-годишна партнерка Ана Марија Де Стефано. Двајцата загинале на лице место.

Видеото ја прикажува моменталната експлозија по падот, како и возила што се судираат со огнената топка. И покрај драматичните сцени, никој од возачите не е сериозно повреден.

На местото веднаш пристигнале пожарникари, итна помош и полиција, а сообраќајот бил во целосен прекин додека траело гаснењето и расчистувањето. Се очекува истрагата да ги открие причините за трагедијата.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape