Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, открива како семејството се справува со тешката болест на актерот, фронтотемпорална деменција, и како нивните ќерки постепено се подготвуваат за неговата евентуална смрт.
Во својата книга „Неочекувано патување“, Ема открива дека им даваат простор на девојките да се навикнат на ситуацијата, што иако звучи тешко, е начин да ги заштити од шокот кога ќе дојде крајот.
„Знам колку мрачно и шокантно звучи, но ова е суровата реалност со која морам да се соочам“, пишува таа.
Таа објаснува дека болеста нема точна временска прогноза, но просечниот животен век по појавата на симптомите е седум до тринаесет години. Иако болеста е тешка, дава можност за планирање на животот.
Ема и Брус се во брак од 2009 година и имаат две ќерки, Мејбл и Евелин, додека Брус е татко и на трите ќерки од претходниот брак со Деми Мур.
Семејството минатата година соопшти дека Брус ја завршува актерската кариера поради здравствени проблеми, а подоцна беше објавено дека состојбата се влошила и е дијагностицирана фронтотемпорална деменција.