ПРВ.мк
Магазин

Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова

Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова

Машината за перење со текот на времето собира каменец, остатоци од детергент и нечистотии кои можат да предизвикаат непријатна миризба, послаби резултати при перењето и поголема потрошувачка на електрична енергија. Наместо скапи препарати, многумина се свртуваат кон едноставно решение кое може да се најде речиси во секој дом – лимонска киселина.

Според советите за одржување на апаратите за домаќинство, за едно темелно чистење на стандардна машина за перење се доволни околу 60 грама лимонска киселина. Таа се става во преградата за детергент, додека барабанот треба да биде празен.

Потоа се вклучува целосен циклус на перење на 60 степени. Кај машини кои долго време не биле чистени може да се користи и повисока температура. За време на процесот, лимонската киселина постепено ги раствора наслагите од каменец и нечистотиите наталожени во внатрешноста на уредот.

По завршувањето на програмата, се препорачува да се проверат барабанот и гумената заптивка, каде што често се задржуваат остатоци од бигор и мувла. Добро е и вратата од машината да остане отворена неколку часа за внатрешноста целосно да се исуши.

Експертите советуваат ваквото чистење да се прави на секои четири до шест месеци, а кај домаќинства каде машината се користи секојдневно и почесто. Редовното одржување може да го продолжи работниот век на уредот, да го подобри квалитетот на перењето и да спречи појава на непријатни мириси.