ПРВ.мк
Магазин

Дневен хороскоп за вторник, 17 јуни 2025

Дневен хороскоп за вторник, 17 јуни 2025

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и барате најдобар начин за вклучување во профитабилна работа. Проблеми имате со Близнаци и Водолија, трпението ви е неопходно.

БИК Нема паника, ќе ги решите проблемите. Добри односи со соработниците се важни за проектите. Уживајте во друштво на Риби.

БЛИЗНАЦИ Пријатели ве повикуваат на патување, двоумите се. Не се откажувајте од новите можности за бизнис. Лекувајте досада со саканите.

РАК Проблем од минатото ве разнишува. Можно е партнерот да ве напушти. Девица ви нуди помош, прифатете ја.

ЛАВ Ќе воспоставите контакт со драги луѓе. Добра соработка со Стрелец или Близнаци. Не се разочарувајте од можни неуспеси.

ДЕВИЦА Финансиската состојба се подобрува. Здравјето е добро. Проблемите во љубовта ве одвлекуваат од работа.

ВАГА Добро се чувствувате во друштво кое ви ги поттикнува амбициите, но преголемото залагање може да пречи. Можно е поволна вест од странство.

СКОРПИЈА Оптеретени сте со незавршени работи. Плашите се од губење контрола. Можен е договор со Стрелец или Риби.

СТРЕЛЕЦ Вклучете се во интересни проекти со странски јазик. Работете максимално за голем профит.

ЈАРЕЦ Упорни сте, но несигурни. Бидете трпеливи во контактите, особено со Бикот. Добро се чувствувате со амбициозно друштво.

ВОДОЛИЈА Еден од подобрите денови, подготвени сте за договори и нови деловни можности. Добра соработка со Стрелец и Рак.

РИБИ Мечтаете за успех и промена на работа. Енергијата ве прави нервозни и нетрпеливи. Амбициозни сте и не прифаќате доминација.

Сподели го овој напис