Крвната група може да има поголемо влијание врз здравјето отколку што досега се мислело. Според научни истражувања, секоја крвна група носи свои карактеристики, но една се издвојува како особено отпорна на одредени болести – крвната група 0.
Според податоците, лицата со крвна група 0 имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања, како срцев и мозочен удар, како и намалена веројатност за одредени типови рак. Причината, како што објаснуваат научниците, е во тоа што оваа крвна група содржи помал број фактори кои придонесуваат за згрутчување на крвта.
Ова значи дека ризикот од опасни тромбози е помал, што индиректно може да придонесе за подолг животен век.
„Очигледно е дека избегнувањето на болестите е клучен фактор за долговечност. Но, голема улога имаат и гените поврзани со стареењето“, изјавил професорот Стјуарт Ким од Универзитетот Стенфорд.
Во едно поголемо истражување биле анализирани гените на стотици стогодишници и илјадници лица над 90 години. Научниците откриле дека одредени генетски варијации се почести кај луѓе кои живеат многу долго, меѓу кои и гените поврзани со крвната група ABO.
Иако резултатите укажуваат на одредени поврзаности, експертите нагласуваат дека долговечноста зависи од повеќе фактори, вклучувајќи генетика, начин на живот и исхрана.








