ПРВ.мк
Магазин

ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ АМВРОСИЈ МИЛАНСКИ: Епископот што не се плашеше од императори - еве што треба да направите денес!

ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ АМВРОСИЈ МИЛАНСКИ: Епископот што не се плашеше од императори - еве што треба да направите денес!
Kristal

Православната црква денес, 20 декември, го одбележува споменот на Свети Амвросиј Медиолански, еден од најзначајните отци и учители на христијанството. Неговиот живот уште од најрана возраст бил обележан со чудесни знаци, а во историјата останал запаметен како духовен водач кој храбро ѝ се спротивставувал и на световната власт кога тоа било потребно.

Свети Амвросиј потекнувал од угледно и богато семејство – неговиот татко бил царски управител над Галија и Шпанија. Според црковното предание, додека бил во лулка, рој пчели слетал на неговите усни и оставил мед, што било протолкувано како знак за идната мудрост и силата на неговиот збор. Уште како дете, навестувал дека ќе стане епископ, подавајќи ја раката со зборовите: „Бакнете ја, ќе бидам епископ“.

Избран за епископ по Божја промисла

Патот на Амвросиј до епископската служба е еден од најнеобичните во црковната историја. Во тоа време тој бил царски намесник во Лигурија, со седиште во Милано, и немал свештенички чин.

По смртта на миланскиот епископ, меѓу народот избувнале остри несогласувања околу изборот на нов духовен водач. Амвросиј влегол во храмот исклучиво за да ја смири толпата и да воспостави ред. Во тој миг, детски глас од народот извикал: „Амвросиј за епископ!“.

Толпата ова го доживеала како јасен знак од Бога. Иако самиот се противел, Амвросиј бил едногласно избран. Наскоро бил крстен и за само неколку дена ги примил сите свештенички чинови, по што бил ракоположен за епископ на Милано.

Учител на Црквата и автор на „Тебе Бога Те фалиме“

Како епископ, Свети Амвросиј одиграл клучна улога во зацврстувањето на православната вера. Неговиот живот бил пример за строга дисциплина и духовна посветеност:

  • неуморно се борел против ересите;
  • ја составил познатата црковна химна „Тебе Бога Те фалиме“;
  • живеел скромно, постел секој ден и спиел многу малку.

Според сведоштвата, бил даруван со благодат да исцелува болни, да изгонува нечисти сили и да претскажува идни настани. Токму тој ги открил и моштите на неколку ранохристијански маченици, меѓу кои Протасиј и Гервасиј.

Неустрашлив пред цареви и владетели

Свети Амвросиј бил благ и милостив кон народот, но бескомпромисен кога станувало збор за неправда и отстапување од верата. Тој јавно ја осудил царицата Јустина поради ерес, го изобличил узурпаторот Максим, а на царот Теодосиј му забранил да влезе во храм сè додека не се покае за сторените злосторства.

Со ваквата постапка, Амвросиј оставил силен пример дека духовниот закон стои над секоја световна моќ.

Се упокоил мирно во 397 година, оставајќи зад себе богато духовно наследство и вечен пример за храброст, правда и вистинска вера.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape