ПРВ.мк
Магазин

Аспираторот може да биде повалкан и од рерната: Еве како најлесно да ги отстраните маснотиите

Аспираторот може да биде повалкан и од рерната: Еве како најлесно да ги отстраните маснотиите

Аспираторот е едно од местата во кујната каде што маснотиите најлесно се наталожуваат. За време на готвењето, пареата заедно со ситните масни честички се крева нагоре и завршува на површините и филтрите.

Со текот на времето, маснотијата се меша со прашина, се суши и создава тврдокорни наслаги кои тешко се отстрануваат само со влажна крпа. Наместо силно триење и скапи средства за одмастување, може да помогне едноставна мешавина од состојки што речиси секое домаќинство ги има.

Потребни се само три состојки

За подготовка на смесата потребни се:

  • 500 мл топла вода
  • една лажица детергент за садови
  • една лажица сода бикарбона

Состојките добро се мешаат, а течноста се нанесува на мека крпа или сунѓер. Пред чистењето, аспираторот задолжително треба да биде исклучен од струја.

Наместо веднаш да започнете со триење, оставете ја смесата да делува неколку минути за маснотијата да омекне. Потоа пребришете со чиста влажна крпа, а на крај со сува.

Кај постарите и потврдокорни наслаги подобро е постапката да се повтори отколку да се користи груба жица или силно да се притиска, бидејќи може да се оштети површината.

Што со филтерот?

Доколку аспираторот има метален филтер предвиден за миење, тој може да се извади и да се потопи во многу топла вода со детергент и сода бикарбона.

По околу 20 минути, наслагите треба да омекнат и полесно да се отстранат со мека четка или сунѓер. Филтерот мора целосно да се исуши пред повторно да се постави.

Хартиените и јаглените филтри, пак, најчесто не се мијат, туку се заменуваат согласно упатството на производителот.

Важно е течноста никогаш да не се прска директно во моторот, копчињата или другите електрични компоненти на аспираторот.

Редовното чистење е наједноставниот начин да се спречи создавање дебел слој маснотии, а комбинацијата од топла вода, детергент и сода бикарбона може значително да ја олесни работата.