ПРВ.мк
Магазин

ТЕЛОТО ВЕ ПРЕДУПРЕДУВА? Овие три промени на кожата може да укажуваат на дијабетес

ТЕЛОТО ВЕ ПРЕДУПРЕДУВА? Овие три промени на кожата може да укажуваат на дијабетес

Дијабетесот често се поврзува со симптоми како зголемена жед, често мокрење и замор, но лекарите предупредуваат дека понекогаш првите сигнали може да се појават токму на кожата.

Еден од можните предупредувачки знаци се темните и кадифени дамки на кожата, познати како acanthosis nigricans. Тие најчесто се појавуваат на вратот, под пазувите или во препоните и може да бидат поврзани со инсулинска резистенција, која често претходи на дијабетес тип 2.

Друг знак се малите месести израстоци на кожата, познати како фиброми или skin tags. Иако најчесто се безопасни, нивната појава во поголем број може да биде поврзана со метаболички нарушувања и проблеми со шеќерот во крвта.

Лекарите предупредуваат и на честите габични инфекции, особено ако постојано се повторуваат или тешко се лекуваат. Покаченото ниво на шеќер во крвта создава поволни услови за развој на вакви инфекции, најчесто под пазувите, во препоните и на други влажни делови од телото.

Кај дијабетес тип 2, телото станува помалку чувствително на инсулин, поради што шеќерот подолго останува во крвотокот. Со текот на времето ова може да доведе до сериозни здравствени компликации.

Експертите нагласуваат дека овие промени не значат автоматски дека некој има дијабетес, но доколку се појават заедно со други симптоми или ризик-фактори, препорачливо е да се направат анализи и консултација со лекар.

Навременото препознавање на предупредувачките знаци може да помогне во рано откривање и подобра контрола на болеста.