Во Италија, телото на 64-годишниот доктор Никола Ивалда, кој исчезнал во септември 2024 година на северната страна на врвот Монвизо во Котските Алпи, беше пронајдено со помош на дронови и вештачка интелигенција. Потрагата била исклучително тешка поради стрмниот и опасен терен, како и непредвидливите временски услови.

Спасувачкиот тим CNSAS користел два дрона кои снимиле 2.600 фотографии од површина од 183 хектари. Вештачката интелигенција ги анализирала снимките истиот ден, идентификувајќи боја што се издвојувала – кацигата на исчезнатиот планинар. Тоа овозможило брзо насочување на потрагата и значително намалување на ризикот за спасувачите.
Операцијата траела помалку од три дена, со краток прекин поради магла и лошо време. Телото било лоцирано на околу 3.150 метри надморска височина, во еден од трите клисури на северната страна на Монвизо.
Тимот бил составен од пилоти на дронови, искусни планински спасувачи и координатори од центарот за спасување. Покрај дроновите, податоци од мобилниот телефон на планинарот исто така помогнале во насочувањето на потрагата.

CNSAS веќе пет години користи дронови, а последните 18 месеци интегрира и AI софтвер за препознавање бои и облици. Во иднина, тие планираат да воведат и термовизиски камери за уште побрзо и побезбедно пронаоѓање на исчезнати лица во планините.