ПРВ.мк
Магазин

23 милиони Американци веруваат дека чоколадното млеко доаѓа од кафеави крави - погеднете ги статистиките

23 милиони Американци веруваат дека чоколадното млеко доаѓа од кафеави крави - погеднете ги статистиките
Kristal

Звучи како виц, но не е – анкетата на Иновацискиот центар за млечни производи во САД открила дека околу 7% од возрасните Американци, односно околу 23 милиони луѓе, навистина веруваат дека чоколадното млеко потекнува од кафеави крави.

Истражувањето брзо стана вирално и предизвика смеа и загриженост во исто време. Половина од испитаниците признале дека воопшто не знаат од каде доаѓа чоколадното млеко, што многумина го протолкуваа како знак колку сме се оддалечиле од разбирањето на храната што ја пиеме секој ден.

Иако експертите предупредуваат дека анкетата не е научно совршена и дека дел од луѓето веројатно се шегувале, бројките сепак нè потсетуваат на едно – знаењето не треба да се потценува, дури ни кога станува збор за нешто толку едноставно како чоколадното млеко.

Escape