На 12 јули, православните верници го слават Петровден – празник посветен на Свети апостол Петар. Овој ден е еден од најзначајните летни празници и носи со себе бројни обичаи, верувања и традиции од различни краеви на Македонија.
🔹 Што да направите рано наутро? Во Куманово и другите места, уште пред изгрејсонце се оди во бавчи и ниви. Се фрлаат камчиња на сите четири страни со верување дека така ќе има богат род, особено кај бостанот. Некои ги прскаат посевите со изворска вода за сила и плодност. Во некои краеви, дури и измет од стока се фрла на земјата – со верување дека како што била стоката густа, така ќе биде и родот.
🔹 Што се јаде на Петровден? Во Гевгелиско се подготвува млечник, со верување дека годината ќе биде „блага како млекото“. Тие што постеле, се причестуваат, а некои строго внимаваат да не се омрсат пред празникот бидејќи, според верувањето, „ќе се скрастават“.
🔹 Работи ли се на Петровден? Да – во традицијата се смета дека на Петровден е дозволена работа, особено бидејќи тогаш се жнее. Дури и самиот Свети Петар, според народното верување, жнеел на овој ден. Во некои села се празнува до пладне, а потоа се продолжува со работа.
🔹 Галичка свадба и печалбари Во Галичник, Петровден е симбол на враќањето на печалбарите и почеток на свадбените веселби. Познатата Галичка свадба секоја година започнува токму на овој ден – со звуци од тапани и гајди, староградски носии и уникатни ритуали кои привлечуваат илјадници посетители.
Петровден е празник што спојува духовност, традиција и народна мудрост. Без разлика дали ќе го прославите со одењ