ПРВ.мк
Култура

(ФОТО) Министерот Зоран Љутков: Туризмот е нашата дипломатија, Крушево е симболот на одржливата иднина

(ФОТО) Министерот Зоран Љутков: Туризмот е нашата дипломатија, Крушево е симболот на одржливата иднина

Министерот за култура и туризам денес од Крушево порача дека туризмот не е само економска гранка, туку силна алатка за меѓународна промоција и културна дипломатија. „Нашата цел е јасна – транзитните патници да станат гости, а гостите да се претворат во амбасадори на македонската култура, природа и гастрономија,“ истакна тој.

Според него, резултатите покажуваат јасен напредок – во првите седум месеци од 2025 година Македонија ја посетиле 730.793 туристи, што е раст од 10.2% во споредба со минатата година. Особено е значаен порастот на странските туристи од 15.1%, при што најмногубројни биле гостите од Турција, Србија, Полска и Холандија.

Министерот подвлече дека иднината на македонскиот туризам се гради врз одржливи темели: инвестиции во обновливи извори на енергија, заштита на националните паркови, дигитализација на услугите и поттик на рурален, авантуристички и културен туризам.

„Вистинската сила на туризмот се луѓето, нивната искреност и љубов кон традицијата. Посебна благодарност упатувам до крушевчани – нивниот дух е живото наследство што ги привлекува туристите,“ нагласи тој.

Со заедничка визија и посветеност, како што додаде, туризмот ќе биде патот кон одржлив развој, меѓународна препознатливост и гордост на идните генерации.

Escape